Потпишан меморандум за долгорочна соработка со холандскиот катастар

Bez autora
Sep 19 2010

Агенцијата за катастар, земјишен регистар и картирање на Кралството Холандија и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија потпишаа Меморандум за долгорочна и интензивна соработка на полето на управувањето со геопросторните податоци и земјишната администрација. Меморандумот беше потпишан на 15 септември во градот Апелдорн во Кралството на Холандија. Холандскиот Катастар е една од водечките и најсовремени организации од оваа област во Европа и истата игра активна улога во креирањето на современите европски трендови во областа на катастарот и земјишна администрација. Ова претставува одлична можност Република Македонија да црпи искуства и знаења кои се релевантни за наведените подрачја и кои ќе допринесат за ефикасен развој и модернизација на катастарот во нашата земја.

Потпишан меморандум за долгорочна соработка со холандскиот катастарАгенцијата за катастар, земјишен регистар и картирање на Кралството Холандија и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија потпишаа Меморандум за долгорочна и интензивна соработка на полето на управувањето со геопросторните податоци и земјишната администрација.

Меморандумот беше потпишан на 15 септември во градот Апелдорн во Кралството на Холандија.

Холандскиот Катастар е една од водечките и најсовремени организации од оваа област во Европа и истата игра активна улога во креирањето на современите европски трендови во областа на катастарот и земјишна администрација. Ова претставува одлична можност Република Македонија да црпи искуства и знаења кои се релевантни за наведените подрачја и кои ќе допринесат за ефикасен развој и модернизација на катастарот во нашата земја.

Потписници на Меморандумот беа Љупчо Георгиевски – директор на Агенцијата за катастар на недвижности и  Годфрид Барнаскони – Член на Извршниот одбор на Агенцијата за катастар, земјишен регистар и картирање на Кралството Холандија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik